Тенис
25. April 2017 - 14:19

Ѓорческа тешко стигна до победа на стартот од фјучрсот во Тунис

По голема борба и меч што траеше 2 часа и 22 минута македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да оствари победа во 1.коло на фјучрсот во Тунис што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа ја совлада Даниела Сегуел од Чиле со 2-1 во сетови (3:6; 7:6 (7:2) и 6:3. 

Во следното коло ќе игра со 16-годишната тенисерка од Франција Јулија Вулпио, која со 6-0 и 6-2 ја победи Шилин Ксу од Кина.

Ѓорческа попладнево ја очекува и првиот меч во игра на двојки каде настапува заедно со Украинката Жана Пожнихиренко.