Тенис
1. July 2016 - 19:21

Ѓорческа со само еден загубен гем во полуфиналето

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (трета носителка) на убедлив начин се избори за полуфиналето на фјучрсот во Штутгарт (награден фонд 25.000 долари). Таа во 1/4 финалето ја совлада Шпанката Ивон Кавале-Ремерс со 6:1 и 6:0 во гемови за 63 минути.

Во полуфиналето таа ќе игра против Ана Заја од Германија (осма носителка) која со 2-1 во сетови ја победи првата носителка Јесика Малецкова од Чешка.
Во игра на двојки Ѓорческа и Аргентинката Флоренција Молинаро (први носителки) играат во полуфиналето против Далила Јакуповиќ и Сивлија Њириќ. Мечот е во тек.