Тенис
29. May 2017 - 15:36

Ѓорческа со пад од четири места на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денеска објавената ВТА ранг листа има пад од четири места. Таа се наоѓа на 175 место, со 313 поени. Ѓорческа на следното рангирање ќе треба да „брани“ 9 поени.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 128 место без промена на пласманот со 580 поени, а на следното рангирање ќе има 30 поени помалку.