Тенис
24. August 2015 - 14:10

Ѓорческа со најдобар ранг на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи нов скок на ВТА листата и за 15 места го подобри својот ранг и воедно е најдобро пласирана досега во кариерата. Таа сега се наоѓа на 345.место со 107 поени.

Напредокот се должи на четвртфиналето на фјучрсот во хехинген, Германија кога освои нови 9 поени.
Во конкуренција на двојки сега се наоѓа на 281.место со 214 поени.
Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска во сингл е на 1.231 место, а во двојки 929.место.