Тенис
18. March 2016 - 11:09

Ѓорческа се избори за полуфинале во Хамамет

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (втора носителка) успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Таа денеска во меч од четвртфиналето ја победи Италијанката Клаудија Џовине со 2:0 во сетови за 76 минути игра. Двата стеа Ѓорческа го доби со 6.2 во гемови, а ја искористи дури 4.та меч топка.

Инаку, нашата тенисерка имаше максимална реализација на брејк шансите и во двата сета имаше по два брејка или вкупно во мечот 4/4. Ѓорческа разбирливо освои и повеќе поени 63:43.
Во полуфиналето таа ќе игра против 4.та носителка Романката Ирина Марија Бара (21. година, 367.ВТА ранг), која денеска со 2:0 во сетови (7:5 и 6:1) ја победи Марина Качар од Србија.
Ѓорческа има една победа во единствениот меч против Бара одигран 2014 година на фјучрс турнир во Софија.