Тенис
11. November 2015 - 14:07

Ѓорческа „реди“ победи во Анталија

Македонската тенисерка ЛинаЃорческа продолжи со успешните настапи на фјучрс турнирите во Анталија. На новиот турнир што почна вчера, таа денеска во меч од 1.коло ја победи Германката Алина Весел со 2:0 во сетови. Ова за нашата тенисерка е осма победа во серија.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра против квалификантката од Украина 26-годишната Алона Фомина, со која има еден триумф во двојки на фјучрс во Анталија пред три години.
Ѓорческа вчера заедно со Ива Приморац со која победија на претходниот фјучрс стартуваа со триумф во конкуренција на двојки. Тие беа подобри од Џиахуан Хе од Кина и Акихо Какуја од Јапонија со 2:0 во сетови.