Тенис
4. July 2017 - 16:12

Ѓорческа почна со победа во Франција

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во францускиот град Денен што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа беше поуспешена во два сета со 2-0 од Елине Бојкенс од Белгија за 90 минути игра. 
Првиот сет Ѓорческа го доби со 6:3 во гемови, а во вториот беше 6:4 за нашата тенисерка, која е рангирана како прва носителка на турнирот.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Малоруи Ноел од Фрнација, која беше поуспешена од својата сонародничка Емануеле Салас со 2-1 во сетови.