Тенис
10. April 2016 - 9:20

Ѓорческа победи во првото коло на квалификациите во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (302 место ВТА) успеа да триумфира во првото коло од квалификациите на фјучрс турнирот што се игра во Истанбул за награден фонд од 50.000 американски долари. Таа вчера во првото коло ја победи Јана Сизикова од Русија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2). 

Денеска во мечот од 2.коло ќе игра со Турчинката Мелис Сезер (437.место ВТА), од која има еден пораз на фјучрс во Анталија во 2014 година . 
Инаку овие две тенисерки имаат освоено неколку турнири во игра на двојки заедно.
На главниот турнир како прва носителка е пријавена Су-Веи Хсиех од Тајпех.