Тенис
26. April 2016 - 19:30

Ѓорческа победи во 1.коло во Маниса

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во второто коло на фјучрс турнирот во Маниса, Турција што се игра за награден фонд од 10.000 долари. Таа денеска во првото коло ја победи Стаматиа Фафалиу од Грција со 2:0 во сетови.
Првиот сет и припадна на Ѓорческа со 6:0 во гемови, а во вториот беше 7:5 за нашата тенисерка. Утре во меч од второто коло Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот ќе игра со Керстин Пекл од Австрија (875.место на ВТА листата).
Во меѓусебните дуели на двете тенисерки билансот 2:0 за Ѓорческа.