Тенис
22. September 2015 - 18:05

Ѓорческа победи во 1.коло на Бол

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа која како втора носителка настапува на фјучрсот на Бол на Брач, Хрватска успеа да ја мине првата пречка. Таа во 1.коло ја победи Американката Даша Иванова со 7-5 и 6-4 во сетови.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра против Камила Џиангреко Кампиц од Парагвај.
Ѓорческа настапува и на турнирот во двојки заедно со Мариана Дражиќ од Хрватска.