Тенис
13. February 2017 - 22:14

Ѓорческа пак на 192 место на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денеска објавената ВТА листа има скок од четири места и се врати на 192. место што е повторување на нејзиниот најдобар ранг.
 
Ѓорческа има 284 поени, а на новото рангирање има еден поен освоен на фјучрсот во Гренобл каде беше елиминирана во 1. коло.
 
Во конкуренција на двојки нашата тенисерка е на 137. место со 539 поени.
 
Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.237 место, а во двојки е рангирана на 1.170 место.