Тенис
9. January 2017 - 9:00

Ѓорческа оваа недела остана на 202 место на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во очекување на ждребот за квалификациите на Австралија опен во Мелбурн остана на 202 место на ВТА листата. Таа има вкупно 266 поени.

Магдалена Стоилковска е на 1.251 место со три поени.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа го задржа 129 место со 539 поени, додека Стоилковска е на 1.171 место со 9 поени.
Инаку, ждребот за женските квалификации за Австралија опен ќе биде извршен во среда, а мечевите од 1.коло од квалификациите се играат во четврток.
По настапот во септември во Њујорк во квалификациите на УС Опен, ова е второ учество на Ѓорческа на еден од четирите Грен слем турнири.