Тенис
17. April 2017 - 9:50

Ѓорческа на 200 место на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денеска објавената ВТА листата се наоѓа на 200-то место со 257 поени или има пад од девет позиции со 20 поени помалку од претходното рангирање. Таа изминатава недела настапи на ВТА турнир во Швајцарија (финалистка во квалификации и „среќен губитник 1.коло) и освои 14 поени, но тоа беше надоволно бидејќи лани во истиот период имаше освоено 34 поени, кои не успеа во целост да ги одбрани.

И во конкуренција на двојки има пад од едно место со 559 поени се наоѓа на 136-та позиција. На турнирот во Швајцарија освои само еден бод со пласманот во четвртфиналето. 
Ѓорческа оваа недела останува во Швајварија каде ќе настапи на фјучрс турнир во Киасо, а во следниот период нема поени за „бранење“.
Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1237 место сингл и 1185 двојки.