Тенис
20. April 2017 - 12:43

Ѓорческа лесно до четвртфиналето во Киасо

 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога против швајцарската тенисерка Киара Грим и во мечот од второто коло на фјучрсот во Киасо, Швајцарија оствари победа од 2-0 во сетови. Таа двата сета ги доби со 6:2 и 6:3 во гемови за 71 минута.
 
Во следното коло Ѓорческа (4.носителка) ќе игра против Катинка вон Дајхман од Лихтенштајн, која се пласира во четвртфиналето откако нејзината ривалја Џесика Малецкова од Чешка го предаде мечот при резултат 6:0 и 4:1 за Дајхман.
 
Ѓорческа денекса ќе игра и меч во двојки заедно со Александрина Најденова од Бугарија (први носителки) против тенисерките од Швајцарија Илена Ин-Албон и Карин Кенел.