Тенис
13. August 2015 - 14:37

Ѓорческа избори четвртфинале на фјучрсот во Хехинген

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во германскиот град Хехинген (награден фонд 25.000 долари). Таа во 2.коло ја победи 6.носителка Фиона Феро (276. ВТА листа) од Франција.

Првиот сет нашата тенисерка го освои со 6:4 во гемови, а во вториот беше 7:6 (7:4 во тај брекот). Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот Ромина Опранди (1.носител Швајцарија) и Ана Јаза (Германија).
Попладнево Шорческа во двојки со Романката Диана Бузеан ќе играат во четвртфинале против Вивиен Хајсен (Германија) и Катарина Ленхарт (Чешка).