Тенис
11. јуни 2017 - 15:53

Ѓорческа и Најденова поразени во финалето на ВТА турнирот на Бол

Македонско-бугарската двојка Лина Ѓорческа и Александрина Најденова се поразени во финалето на „Кроација Опен“ на Бол. Тие загубија од првите носителки Чиа-Јунг Чуанг (Тајпех) и Рената Ворацова (Чешка) со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови).

За поразот во финалето Ѓорческа ќе добие 95 поени и 2.700 долари.
Во поеднинечна конкуренција победничкиот пехар го освои Александра Круниќ која беше подобра од Александра Каданту (Романија), откако при резултат 6:3 и 3:0 за Круниќ поради повреда го предаде мечот.