Тенис
13. January 2017 - 11:41

Ѓорческа фуриозна во вториот меч од квалификациите на Австралија Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна и убедлива игра успеа да ја постигна и втората победа од квалификациите на Австралија опен во Мелбурн. Таа денеска ја победи Далма Галфи од Унгарија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:1). Мечот траеше 52 минути.

Нашата тенисерка имаше шест ас сервис и искористи пет брејк можности, додека противничката не направи ниту еден брејк во мечот. Скорот на освоени поени беше 64:38.
Во последното коло од квалификациите нашата тенисерка ќе игра со победничката од дуелот на швајцарските тенисерки Стефани Вогл и Амра Садиковиќ. Вогл е прва носителка во квалификациите. 
Со евентуален триумф Ѓорческа и избори пласман на главниот турнир.