Ѓорческа елиминирана во сингл на фјучрсот во Софија, но е финалистка во двојки
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски ја оствари и втората победа на фјучрсот на Златибор. Тој денеска во два сета со 2-0 го победи Аљаз Јакоб Капља од Словенија. Во четвртфиналето утре нашиот тенисер ќе игра против четвртиот носител Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Софија откако во вториот денешен меч загуби од Катинка Вон Дајхман од Лихтенштајн во тро сета со 2-1. Ова за нашата тенисерка денеска беше втор меч откако најпрвин ја победи Кимберли Цимерман од Белгија во продолжението на мечот од првото коло со 2-1 во сетови. Ѓорческа продолжува со настапот на турнирот во двојки, откако со Викторија Томова од Бугарија го добија четвртфиналето без борба, а попладнево во полуфиналето ги победија Жаклине Адина Кристијан и Николета-Каталина Даскалу.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар