Тенис
12. April 2017 - 14:17

Ѓорческа чека меч со Хингис

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето во конкуренција на двојки на ВТА турнирот во Биел Швајцарија што се игра за награден фонд од 250.000 долари. Таа заедно со Русинката Анастасија Комардина ја минаа првата прека откако нивните ривалки четвртите носителки Елис Мертенс и Хетер Вотсон го предадоа мечот.

Противничките ќе бидат позанти доцна вечерва, а потенцијална ривалка им е поранешната најдобра светска тенисерка Мартина Хингис.