Тенис
26. July 2017 - 15:31

Ѓоковиќ нема да игра тенис во 2017 година

Тенисерот Новак Ѓоковиќ денеска објави дека поради повреда нема да се натпреварува до крајот на 2017 година. Тој во четвртфиналето на Вимблдон го предаде мечот на Томаш Бердих. 
Ѓоковиќ има повреда на лактот, која му создава проблеми повеќе од една година. 
- Оваа одлука морав да ја донесеам. На Вимблдон болките беа се поголеми. По консултации со многу специјалисти решив дека ми е потребен одмор. Ќе се обидам со различни методи на рехабилитација да се вратам што е можно побрзо на теренот. Еден период ќе биде и употреба на рекетот, а се надевам дека потоа да тренирам. Му благодарам на Андре Агаси што беше одреден период со мене и се радувам што и понатаму ќе имаме соработка на големите турнири, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ до крајот на сезоната ќе ја пропушти американската турнеја како и учеството на Грен слем турнирот во Њујорк (УС Опен).