Ракомет
7. May 2017 - 19:53

Ѓер по третпат европски првак, Вардар ќе чека нова шанса

Седумдесет минути траеше финалето на лигата на шампионите, и дури после продолженијата беше решено кој ќе биде новиот европски првак. Ѓер успеа по третпат да биде на врвот, а Вардар првпат го освојува сребрениот медал. Унгарките победија со 31-30 (26-26, 15-12)
 
 
Во четвртиот обид, отидовме чекор напред. По трите бронзени медали, сега се враќаме со сребро. Она што беше добро е дека секогаш се враќавме во игра, не нѐ поколеба ниту едно водство на противникот. Игравме за секоја топка, па иако продолженијата го решија побендикот можеме да бидеме задоволни.
 
Имавме убава шанса уште регуларниот дел од натпреварот да ги решиме сите дилеми, но во тие 40-тина секунди не стигнавме да реализираме за победнички гол, па остана 26-26 и влеговлем во продолженија од 2х5 минути.
 
А таму Ѓер веднаш зголеми на 29-26. Првите пет минути завршија во корист на Унгарките кои водеа со 29-28. Неизвесноста ја имаше во секој напад, во секоја топка. Така беше и во вториот дел од продолжението, но клучно беше што при резултат 30-29, и со играч повеќе не реализиравме, односно судиите свиреа пробивање од Лакрабер. Потоа Мерк постигна гол за водство, 31-30, ние вративме, но последните 40-тина секунди ги имаа домаќинките. И добија шанса од судиите истите да ги користита до крај.
 
Вардарки во текот на првото полувреме правеа доста технички грешки што беше и главната причина за водството на Ѓер. Од друга страна на моменти се толерираше и доста острата игра на противничките играчи, кои не се штедеа само да ги сопрат нашите играчи.
 
Вардар поведе, а Ѓер израмни и го презеде водството. Потоа се играше израмнето се до 16 минута, кога Александра Лакрабер беше исклучена, а тоа Ѓер го искористи за два гол аво серија. Но, на секоја наша техничка грешка Унгарките возвраќаа со гол, па постигна ауште два, а ние имавме лош период од 10 минути без реализиран напад. Иако Ина Суслина токму во тој период имаше и три одбрани, во нападот немавме решение, промашени топки, технички грешки, а Ѓер то аго искористи да се одлепи на „плус 4".
 
Во првото полувреме Ѓер имаше 52 отсто реализација на нападот и 71 отсто одбранети топки, за разлика од Вардар каде тој процент беше помал, 40 отсто одбранети топки и 60 отсто во нападот. Имавме и осум загубени топки во овој период.
 
Врзавме два гола во серија, но во последната минута прво примивме гол, а потоа иако имавме 20-тина секунди за напад не дојдовме во позиција за шут. Од последнио тудар о ддевет метри, ударот на Пенезиќ го сопре блокот, а потоа Гримсбо со последни напори ја исфрли топката надвор.