Свет
20. February 2018 - 10:46

Гита му се заканува и на Нов Зеланд

Три области на Нов Зеланд прогласија вонредна состојба поради циклонот Гита кој се доближува до земјата.

Гита до пред кусо време беше во категоријата тропски циклон и иако сега ослабе, но и понатаму се очекува да предизвика штета на Нов Зеланд. Затворени се десетици училишта, а Јужниот остров се подготвува за силни ветрови кои би можеле да достигнат брзина и до 150 километри на час.

Националната авиокомпанија ги откажа сите планирани летови од и до главниот град, а локалните жители се известени да очекуваат силен ветер. 

Гита минатата недела предизвика сериозна штета во Тонго и на Фиџи.