Џет-Сет
21. February 2018 - 21:55

Ги замолчи сите: Ана Николиќ со една фотографија покажа дека повторно е иста како порано

Ана Николиќ зад себе остави навистина бурен период од животот. За време на бременоста таа значително се здебели, па после породувањето и беше навистина тешко да ја врати тежината која ја имаше порано.

Кога се роди нејзината ќерка Тара, пејачката веднаш почна да држи диета и да вежба. Вложениот труд покажал резултати, а сега на својот инстаграм профил објави дека повторно е неодолива како претходно.

Ана објави фотографија каде што нејзините гради се во преден план, а на неа добила само комплименти.