Македонија
12. December 2017 - 13:37

Ги заклучиле вработените во тоалетот и им ја испразниле касата: Грабеж на казино во Виница

Рано утрово околу 06.15 часот во казино на ул. „Маршал Тито“ во Виница две непознати маскирани лица извршиле разбојништво.

Сторителите со закана со пиштоли ги затвориле вработените во тоалетот од казиното, ги одзеле парите од касата и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.