Живот
24. November 2017 - 12:44

Ги мачеле децата во градинка како во логор: Деца дрогирани со лекови, боцкани со игли и сексуално злоставувани

Градинка во Пекинг е обвинета за злоставување на деца со инјекции и лекови.

Властите покренаа истрага во градинката која е дел од познатиот ланец RYB Education. Компанијата изјави дека „длабоко се извинува поради овој тежок инцидент и вознемирување“:

Покрената е истрага и во сите други градинки во градот. До инцидентот дошло неколку недели откако градинка во Шангај е обвинета за злоставување на деца.

Најмалку осум деца наводно добиле непознати супстанции преку инјекции. Родителите за локалните медиуми изјавија дека забележале траги од убоди од игла по телата на своите деца во последните неколку дена и споделија фотографии од трагите на интернет.

Исто така рекоа дена на децата им се давани таблети и сирупи пред спиењето во градинка.

Некои од родителите изјавија дека децата можно е да се сексуално злоставувани, зошто ги присилувале да се соблечкуваат голи. Неколку родители се собраа во четвртокот пред градинката за да протестираат. Некои изјавија дека воспитувачите користат игли за да ги дисциплинираат децата.

-Непослушните деца ги присилувале да стојат голи, или ги заклучувале во мрачна соба во градинката, изјави еден родител.

Полицијата ги заплени снимките од безбедносните камери и суспендираше три осомничени лица од градинката.

Компанијата соопшти дека ќе ја преземе одговорноста за своите грешки ако бидат утврдени, но исто така пријави во полиција некои лажни обвинувања против компанијата.

Минатата година четворица воспитувачи од оваа позната кинеска компанија заврши во затвор поради злоставувања кои иста така вклучуваа давање инјекции на децата. Едно дете тогаш на телото имало повеќе од 50 убоди со игла.