Ги мачат во градинка како во логор: Децата ги бодат со игли, ги дрогираат со лекови, сексуално ги злоставуваат
Градинка во Пекинг е обвинета за злоставување на деца со инјекции и лекови.
Властите отвориле истрага за градинката која е дел од познатиот ланец "RYB Education". Компанијата изјавила дека "длабоко се извинува поради овој тежок инцидент и вознемирување".
Најмалку осум деца наводно примиле непознати супстанци преку инјекции. Родителите за локалните медиуми изјавиле дека забележале траги на убоди од игли на телата на своите деца во последните неколку дена и споделиле фотографии од траговите на интернет.
Исто така рекле и дека на децата им се давале таблети или сирупи пред спиење во градинката.
Некои од родителите изјавиле дека децата можеби им се сексуално злоставувани, бидејќи ги принудувале да се соблекуваат голи. Неколку родители се собрале во четвртокот пред градинката за да протестираат. Некои изјавиле дека се сомневаат дека воспитувачките користат игли за да ги дисциплинираат децата.
"Непослушните деца биле принудувани да стојат голи, или ги заклучувале во мрачна соба во градинката", изјавил еден родител.
Полицијата ги запленила снимките од безбедносните камери и суспендирала три осомничени лица од градинката.
Компанијата соопштила дека ќе преземе одговорност за своите грешки ако истите бидат утврдени, но исто така пријавиле и некои лажни обвиненија против компанијата.
Минатата година четири воспитувачки од оваа позната кинеска компанија завршиле во затвор поради злоставување кое исто така вклучувало давање инјекции на деца. Едно дете тогаш имало повеќе од 50 убоди од игли на телото.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.