Геро повикува на федерализација на Македонија
Бранко Геровски отворено повикува на федерализација на Македонија. Според експертите, последната колумна на Геровски за соросовиот Плусинфо е директен напад врз македонскиот уставен поредок и уште една слика за состојбата во опозициските редови.
Главниот медиумски стратег на опозицијата пишува дека е време да се разговара за деталите како да се федерализира Македонија споменувајќи кантонални влади, посебни полиции и судови комплетно ставајќи се на страната на албанските радикалисти
-Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите. Знам дека ова звучи без малку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна, пишува Геровски.
Тој предлага да се разговара и за збогатување на обемот на јазичните права на Албанците и дека е неопходна и билингвална федерализација.
Експертите велат дека последната колумна на Героски е само продолжување на идејата која Заев ја постави на јавна сцена летово кога во интервју за косовска телевизија најави воведување на двојазичност на целата територија на Македонија
Јавноста во минатото памети серија отстапки на штета на македонскиот идентитет од страна на СДСМ во замена за власт без поддршка од граѓаните. Токму во времето на опозициската партија, Македонија го смени уставното име, а мораше да го смени и знамето.
Експертите предупредуваат дека сега во ситуација кога СДСМ се наоѓа пред извесен голем пораз на изборите во април, токму федерализацијата на Македонија е она што го нуди партијата. Според нив, на Бихаќка се подготвени да ја продадат Македонија само за да се спасат од серијата тешки кривични дела кои им се ставаат на твоар на највисоките функционери и да најдат начин да дојдат на власт без поддршката од граѓаните.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар