Свет
18. August 2017 - 12:35

Германските политичари времено ја прекинуваат кампањата поради нападите во Шпанија

Германските политичари одлучија да ја прекинат денеска предизборната кампања поради нападите во Барселона, и во летувалиштето Камбрилс.

Мартин Шулц, кандидат за канцелар на германските социјалдемократи и главен соперник на Ангела Меркел, изјави дека разговарал со неа и двајцата се согласиле времено да ја прекинат кампањата. Тие го прават тоа во знак на солидарност со луѓето, засегнати од терористичките напади во Шпанија, рече Шулц.

Во Германија постои општо мислење дека тероризмот нема место во Европа и оти Европа треба да продолжи да биде отворено и толерантно општество.

На напаѓачите и нивните поддржувачи треба да им биде испратена порака дека тие не можат да победат, рече лидерот на германските социјалдемократи.