Свет
25. January 2018 - 11:12

Германските медиуми: Војната со Русија е самоубиство - тоа го знаат и САД, а еве која ќе биде првата жртва

Германскиот сајт „Контра Магазин“ (Contra Magazin) смета дека воени дејствија против Русија се самоубиствени.
 
Материјалот што го објави изданието на германски јазик Contra Magazin носи ваков наслов: „НАТО против Русија: Оној кој мечтае за војна со Русија, мечтае за самоубиство“.
 
Во публикацијата како многу убедлив аргумент се наведува примерот со оперативно-тактичките ракетни системи „Искандер-М“ кои можат да носат конвенционални и нуклеарни боеви глави. Овие ракети се распоредени во Калининградската област, што значи до Варшава стигнуваат за само 2 минути, а до Берлин за 4 минути. Невозможно е да бидат пресретнати и запрени со оглед на големата брзина и висината на нивниот лет.
 
Западниот систем за противракетна одбрана дејствува во стратосферата, а ракетите „Искандер“ летаат во мезосферата. Како што пишува наведеното издание, тие едноставно прелетуваат над противракетниот „штит“, а потоа со непредвидлива траекторија пикираат кон целта.
 
Моќта на руското оружје не единствениот аргумент. „Контра Магазин“ укажува и на патриотизмот на граѓаните на Русија.
 
„Русија покажува дека тој облик на лојалност спрема татковината воопшто не е застарен“, се вели во публикацијата. Изданието исто така истакнува дека Русија и под санкции успеа да намири повеќе од 200 милијарди долари надворешен долг.
 
„Контра Магазин“ смета дека Трамп и неговите соработници се реалисти кои веќе сфатија дека војна против Русија нема никаква перспектива. На трговските фронтови конфронтацијата е сѐ поголема, но во дискусиите меѓу САД и Русија повеќе не фигурираат отворени воени закан