Бизнис
16. October 2017 - 19:44

Германските компании не можат да најдат квалификувана работна сила

Германските инвестотори во земјава сакаат да ги прошират капацитетите но немаат доволно стручни работници. Во Велес Прилеп и Кавадарци компаниите ги зголемуваат производствените погони, но повеќето инвеститори се соочуваат со  овој проблем. Образовниот систем мора да се усогласи со потребите на индустријата, велат од бизнис секторот. Покрај теоријата неопходна е и практична работа директно во производството. Се бараат и се пософистицирани вештини.

- Одлично би било ако нема потреба од надзор од надвор, односно ако луѓето се обучуваат тука, во Македонија. Ова не се обични работни места, туку места кои бараат поголеми инженесрки вештини и секако носат поголема плата.

Најголем дел од германските фирми во земјава се во автомобилскиот сектор. Досега вработиле околу 15 000 лица.  Од Германската комора велат дека во иднина бројот на работници уште повеќе ќе се зголемува а образовните институции мора да помогнат и да ги подготват кадрите.

Невработеноста на младите во змејава е двојно поголема од европскиот просек.  Од СКМ сметаат дека тоа е токму поради немањето на дуален систем на образование.