Германскиот вицеканцелар најавува државјанства за млади Британци
Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел денеска изјави дека Германија треба да им даде државјанство на младите Британци кои што живеат во земјата затоа што референдумот за излегување од ЕУ бил изгласан благодарение на повозрасните гласачи во Англија и Велс.
Резултатите од референдумот во Велика Британија предизвикаа поделби како меѓу младите и старите, како и меѓу регионите на кралството, при што за разлика од Англија и Велс каде што мнозинството беше за напуштање на ЕУ, во Шкотска и Северна Ирска доминантен беше ставот за останување.
- Поради тоа ние не треба да го повлечеме подвижниот мост со Велика Британија, изјави Габриел на конференција на неговата Социјалдемократска партија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Габриел, кој е и министер за економија, смета дека Германија треба да размисли на младите Британци кои што живеат во земјата да им понуди државјанство. Вицеканцеларот тврди дека неговата партија секогаш се залагала за постоење на можност за добивање на двојно државјанство.
- Ајде да им понудиме на младите Британци кои што живеат во Германија, Италија или Франција да можат да останат граѓани на Европската Унија, изјави Габриел со чие размислување се согласуваат и „Зелените“ кои претходно предложија олеснување на процедурата за добивање на германски пасош за младите Британци во Германија.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено