Свет
15. February 2016 - 17:45

Германски разузнавачи купувале информации од членови на Ал Каеда

Двајца припадници на Германската разузнавачка служба се осомничени дека давале пари на членови на Ал Каеда за да добијат информации за терористичката група. 

Според весникот Берлинер Моргенпост кој што пренесува дека истрагата се води откако Ирфан Пеци, Босанец кој тврди дека бил соработник на разузнавачката агенција БФВ доставил докази за операцијата во која членови на Ал Каеда добивале пари од германските даночни обврзници. 
Пеци со германските служби соработувал од позиција на лидер на „Глобален исламистички медиумски фронт“ организација за ширење пропаганда  поврзана со Ал Каеда. 

Истрагата која што ја води германското јавно обвиннителство се попира на наодите објавени во неговата книга „Џихадисти: Теророт направен во Германија“ , објавена во 2015 година. Во неа  Пеци напишал дека тој примил 500 евра од германски разузнавач а парите требало да бидат предадени на влијателен исламистички лидер со цел да се добие неговата доверба и информации а активностите на Ал Каеда. 

Според Пеци тој предходно платил 300 евра на членови на таканаречената група „Германски Талибански муџахедин“ со знаење на неговиот контакт во БФВ. 
Пратеникот на „Зелените“ во Бундестагот Ханс Кристијан Штребеле побарал темелна истрага за ситуацијата која што ја опишува како „недозволива ситуација во која германските даночни обврзници финансираат терористички групи“.
Германските служби за разузнавање и предходно трпеа критики дека регрутираат информатори од религиозни групи и крајни десничари и ги игнорираат нивните нелегални активности.  Според германските закони било каква поддршка на терористички и забранети организации е казнува со казна затвор до 5 години а казните се однесуваат и за разузнавачите и за нивните соработници.