Македонија
23. March 2016 - 8:38

Германски медиуми: Албанци осомничени за нападот во Брисел

Германски медуми, повикувајќи се на извори во Обвинителството на Баварија, јавија дека тројца Албанци се уапсени во Германија,како осомничени за терористичките напади во Брисел. 

- Албанците се осомничени за поврзаност со терористичките напади што се случија вчера во главниот град на Белгија, - јави порталот Албеу пренесувајќи написи на германски Фокус. 

Идентитетот на уапсените не се наведува, само дека за едниот од нив имало налог за протерување од Белгија.