Бизнис
11. April 2017 - 19:36

Германски компании: Актуелната состојба е лоша, но пак би инвестирале во земјава

Политичката криза е закана за стопанството, но поголемиот дел од германските компании годинава планираат да ги зголемат инвестициите. Добар дел од нив и бројот на вработени.

Во новата анкета на Македонско – германското стопанско здружение германските инвеститори негативно ја оценија актуелната состојба, но и натаму ги гледаат конкуретснките предности за вложување во земјава.

Наслаби оценки компаните дале за политичката, правната и социјалната безбедност, додека најдобри за академското образование, продуктивноста и квалификациите на работниците, даноците и трошоците за труд.

Најголемиот дел од испитаните германски фирми се оптимисти за развојот на нивните бизниси во земјава оваа година со прогнози за раст на извозот. Критично прашање е наоѓањето стручен акдар заради што бараат образовни реформи.

Над 200 германски компани вработуваат околу 15 илјади луѓе во Македонија. На прашањето дали повторно би инвестирале во земјава, 82% одговориле потврдно.