Свет
20. November 2015 - 15:26

Германски граѓанин стои зад планот за тероризам во Хановер

Лидерот на петчлената група која што планирала терористички напади за време на фудбалскиот натпревар Германија - Холандија во Хановер е германски државјанин, пренесуваат денеска германските медиуми.

Француски безбедносни извори за весникот „Хановер Алгемајне цајтунг“ изјавиле дека групата предводена од германски државјанин планирала пет бомбашки напади, три на фудбалскиот стадион каде што требаше да присуствува германската влада на чело со канцеларката Меркел и два на автобуска и железничка станица во центарот на Хановер.

Бомбите требало да бидат внесени на стадионот во официјално возило од страна на терорист со билет за натпреварот.

Нападот врз железничката станица требало да се случи седум часа подоцна од страна на женски член на групата, пренесува весникот.

Овие информации до германските валсти пристигнале на два часа пред почетокот на мечот по што министерот за внатрешни работи Де Мазиер одлучил натпреварот да биде откажан. Мазиер подоцна беше критикуван и исмеван поради тоа што за медиумите изјави дека дел од информациите за настанот можат да вознемират јавноста.