Македонија
26. January 2017 - 19:27

Германската владејачка коалиција очекува брзо формирање Влада со Груевски на чело

Очекуваме брзо формирање на новата  македонска Влада под раководство на Никола Груевски, изјави денеска Тобијас Зек, пратеник во германскиот Бундестаг од владејачката коалиција на Ангела Меркел и потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

- Многу е важно и корисно тоа што пред изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имаше средби со пријателите во Европската народна партија, како во Берлин, така и во Минхен. Очекуваме брзо формирање на нова Влада со Груевски на чело. Со задоволство очекуваме во иднина да имаме силна и плодна соработка со нашиот партнер на Западниот Балкан, изјави Зек