Германската Влада усвои нов концепт за згрижување на бегалците
Германската Влада денеска усвои нов концепт за згрижување на бегалците и за политички координатор го именува шефот на Канцеларската служба Петер Алтмаер, додека оперативните, стручни, организациски, правни и финансиски аспекти на бегалската криза и натаму се во рацете на Министерството за внатрешни работи, пренесуваат германските медиуми.
Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер новиот концепт го оцени како напредок.
-Со денешниот нов концепт на Владата направен е еден натамошен важен чекор за и организациски да се излезе на крај со предизвиците во врска со големиот број бегалци, рече Де Мезиер, пренесоа германските медиуми кои вчера, најавувајќи го концептот, пишаа дека тоа, всушност, е шлаканица за де Мезиер.
„Веќе со недели владее хаос за бегалското прашање и сега на Ангела Меркел и е доста од тоа. Вкупната координација мора да биде поврзана во Канцеларската служба. Тоа е шлаканица за министерот за внатрешни работи“', објави политичкиот магазин „Шпигел“', со фотографијата на Мркел и Де Мезиер.
Печатот пишува дека канцеларијата на Алтмаер и натаму ќе биде во надлежност на министерот, но под водство на Канцеларската служба.
„Помошта за бегалците во Германија делува лошо организирана и од сите страни пристигнуваат критики. Сега пристигнува ново преструктурирање, а предводничката улога е на Канцеларската служба. Меркел сака нејзините најблиски луѓе да имаат одговорност...“, пишува германскиот печат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица