Живот
21. September 2017 - 20:48

Германската сатирична Партија се попопуларна на социјалните мрежи

Германска политичка партија која ветува дека ќе дозволи возење во пијана состојба, ќе го стават кокаинот на листата лекови и дека ќе го киднапираат турскиот претседател, има апсолутно водство, но само на социјалните мрежи.

Партијата Die PARTEI (што е всушност кратенка за Партија за труд, правда, заштита на животните, промоција на елитите и коренита демократска иницијатива) е основана 2004 година, од уредниците на сатиричното списание Титаник. Лидер на партијата е стенд-ап комичарот Сердар Сомунсу. Изминативе месеци тие го надминаа бројот на „следачи“ на сите други германски партии, меѓу кои и на десничарската Aлтернатива за Германија (АФД).

Само во август, десничарите на Фејсбук имале 440.000 интеракции, што е дури шестпати повеќе од партијата на Ангела Меркел. Но, сатиричната Партија собра 31.608 нови фанови.