Свет
20. December 2016 - 14:55

Германската полиција побара од жителите на Берлин „особена внимателност“ по нападот

Германската полиција побара од жителите на Берлин да бидат „особено внимателни“ по нападот извршен вчера со камион на божиќен пазар бидејќи извршителот најверојатно е се уште на слобода.

– Во случај на сомнителни дејствија, ве молиме не истражувајте сами. Тоа е наша работа, наведе германската полиција на Твитер.