Свет
10. January 2017 - 13:27

Германската екстремна десница бара две „eврозони“

Екстрено десничарската германска партија Алтернатива за Германија (АФД), која според анкетите е трета по популарност полиитчка сила во земјата во пресрет на сојузните избори закажани за септември, бара еврoозната да се подели на два дела.

Говорејќи на прес-конференција во Берлин еден од лидерите на АФД Јерг Мутен бара промени во начинот на кој функционира Европската монетарна унија со цел да ја преброди кризата.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Мутен, кој е професор по економија, бара еврозоната да се подели на два табори, едниот посилен да биде предводен од Германија, а вториот послаб да биде поврзан со Франција.

- Еврото е семе на раздор во Европа која има различни валутни култури и различни нивоа на конкурентност, смета Мутен кој во едно интервју предходно најави дека Германија може да трпи штета од ваквата поделба во првата и втората година. но дека по тој период состојбата ќе се нормализира.

Според АФД, еврото е пресилно за земјите на југот на Европа, додека за Германија и неколку други има премала вредност.

- Затоа прифатливо е послабите земји да заминат, смета Мутен, според кого, во групата земји кои треба да формираат нова еврозона се Италија, Штанија, Португалија и Франција.

Според него, Грција е финансиски толку слаба што ниту една друга земја не сама да влезе во финансиска заедница со неа.

Претставникот на АФД смета дека во „силната еврозона“ треба да останат Германија, Австрија, Холандија и Финска, кои ќе имаат штета од силното евро. што ќе го намали извозот, но дека кризата ќе завшри за околу две години.

АФД. која е формирана во 2013 година на бранот на антибегалската и антиимигрантската реторика, ужива попучарност од 15 отсто на националнп ниво и има свои пратеници во 11 покраински парламенти во Германија.