Бизнис
26. April 2016 - 20:40

Германска фирма нуди работа со плата од 3.500 до 6.000 евра

Голема Германска фирма „ Kontech GmbH“ бара работници за одржување на машини, со задолжително знаење на германски јазик, а платата е од 3.500 до 6.000 евра.

Kontech GmbH е компанија основана 1997 година и се занимава со машинство, електротехника, индустрија, и развој на софтвери и хардвери, и претставува една од најзначајните компании од оваа област во Јужна Германија.

Фирмата моментално е во потрага за работници за одржување на машини, мажи или жени,  на огласот можат да се јават исклучително инжењери, електричари и луѓе кои имаат познанство или некаква поврзаност со градба и прилагодувања на машини.

Се нуди здраствено осигурување, пензиско осигурување, сместување, пратен годишен одмор со бонус, а ветуваат и додатоци на плата.