Свет
7. November 2016 - 10:27

Германија спроведува истрага против Фејсбук поради поттикнување омраза

 Германија почна истрага против првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг за непреземање мерки во борбата против расистички коментари на неговата социјална мрежа. 

За прашањето е активирано минхенското Обвинителство, изјави неговиот портпарол Флориан Вајнцил по поднесената тужба против Зукерберг од адвокатот Чан-џо Јун со седиште во Минхен.

Според адвокатот првичната истрага е спроведена против Цукерберг и уште деветминат раководители на американската компанија.

Обвинителството во Хамбург во март отфрли слична тужба од истиот адвокат, со образложение дека раководителите на Фејсбук не влегуваат во јурисдикцијата на германското законодавство.