Германија со рекорден суфицит во буџетот
Германската влада, покраините и општините за минатата годна пријавиле рекорден остварен вишок во своите буџети, обајвува денеска германската Национална канцеларија за статистика (Дестатис).
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин буџетскиот суфицит од 23,7 милијарди евра за 2016 година се должи пред се на здравата економија и поволните услови во кои функционира пазарот на работна сила односно поголемиот број вработувања и инвестиции кои што носат пари во државната каса.
Само федералната влада лани остварила суфицит од 7,7 милијарди евра а сите покраини и општини во најсилната европска економија заедно имаат вишок од 16 милијарди евра на своите конта. Според „Дестатис“ суфицитот ги урива рекордите три години по ред и е највисок од 1990 година односно од обединувањето на Германија. На нивото на буџетот не влијаат ниту трошоците за справување со бегалската криза и за прифат на околу 900 илјади бегалци кои што лани влегоа во земјата за кои владата во Берлин и покраинските влади потрошија десетина милијарди евра.
Претходно Бундесбанката предвиде дека германската економија поради зголемената потрошувачка и градежниот бум ќе има забележителен раст и во првиот квартал на 2017 година.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка