Балкан
18. May 2017 - 13:35

Германија предупредува на влијанието на Саудиска Арабија во Косово

Германската влада предупреди дека мисионерските групи од Саудиска Арабија шират ултраконзервативен вахабизам во Косово, и дека на Балканот е забележано влијание и на други заливски земји и на Турција.

Во одговорот на германската влада на прашање на пратеничка од опозициската „Левица“, а кој го пренесува „Велт“, се наведува дека забележан е „континуиран ангажман на арапски финансиери - поединци, невладини организации, како и државни и полудржавни институции во Исламската заедница во Косово“.