Германија: Нагло зголемен бројот на баратели на азил од Турција
Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци, соопшти денеска дека бројот на баратели за азил од Турција нагло се зголеми во првите шест месеци оваа година во споредба со минатата година, пренесува Танјуг.
Во соопштението се наведува дека 1.719 луѓе од Турција поднеле барање за азил од јануари до јуни оваа година, додека приближно толку турски баратели на азил регистрирани во текот на цела 2015 година, кога 1.767 побарале азил во Германија.
Канцеларијата ги потврди наводите на германскиот весник „Тагешпигел“, кој објави дека голем број баратели на азил припаѓаат на курдското малцинство кое живее на југоисточниот дел на Турција.
Судирите меѓу Курдската работничка партија и турските безбедносни сили продолжија пред една година откако кревкиот мировен процес пропадна, а обновениот конфликт доведе до смрт на околу 600 припадници на безбедносните сили, повеќе од пет илјади курдски екстремисти и се уште неутврден број на цивили.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово