Германија ќе забрани гласање на нејзина теритоприја на референдум за враќање на смртната казна во Турција
Германската Влада ќе забрани жителите на државата со турско потекло да гласаат на евентуален референдум за враќање на смртната казна во Турција, изјави портпаролот на Владата Штефан Зајберт.
- Политички е невозможно да се согласиме за гласање што е во спротивност со нашиот Устав и европските вредности, изјави тој.
Околу 1,4 милиони Турци кои живеат во Германија, имаат право да гласаат на турски избори. Околу половината од нив излегоа на референдумот за проширувањето на надлежностите на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Германското Министерство за надворешни работи нагласи претходно дека Владата во Берлин мора да дозволи одржување на политички процеси на други држави, како што е референдум, на своја територија.
Минатиот месец беше дозволено гласање во Германија на референдумот за реформи во турскиот Устав.
Мартин Шулц, лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и главен противкандидат за канцеларската функција на канцеларката Амгела Меркел на изборите во септември, изјави за „Шпигел“ дека „не може Гермнаија да дозволи такво гласање на нејзина територија, бидејќи е во спротивност со Уставот и нејзите вредности“.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште