Бизнис
19. January 2017 - 19:45

Германија ја предупреди Британија да не се обидува да стане даночен рај по Брекзитот

Германија ја предупреди Британија да внимава да не стане даночен рај. Германскиот министер за финансии Волфган Шојбле го повика Лондон да се држи до сегашните договори и да не го користи даночењето на фирмите како инструмент за подобрување на конкурентноста по излегувањето од Унијата.

Реакцијата на Шојбле доаѓа по говорот на британската прмеиерка Тереза Меј во Давос. Меј ги повика инветситорите во нејзината земја потенцирајќи дека Британија е отворена за бизнис. Најави нови правила кои земјата ќа ја направат уште посилна. За Меј, Брекзит е можност да се создаде нова економија на осторовт.

Тонски...

За дел од финансиските аналитичари во говорот Меј покажала ароганција тврдејќи дека Брекзит е уникатна можност за нејзината земја и дека ова е шанса да ја направат Британија посилна отколку во ЕУ.

Другите пак сметаат дека последиците од Брекзитот допрва ќе се почувствуваат и ќе бидат тешки и за двете страни.

Тонски...

Собирот во Давос  завршува утре, на него присутсвува 3000 политички и бизснис претставници од најмоќните земји и компании.