Германија дозволи одредени видови на еутаназија
Германскиот Парламент денеска донесе закон со кој се легализираат одредени видови на еутаназија или „убиство од милосрдие“ во случаи кога за тоа има „алтруистички мотиви“. Со законот се санкционираат сите случаи на еутаназија која се врши поради бизнис причини односно забрането е лекарите да примеаат пари за спроведување еутаназија.
Прашањето за еутаназија во Германија е особено сензитивно поради политиката на германските нацисти кои што пред и за време на Втората светска војна со образложение дека им помагаат убиле над 200 илјади луѓе со психички и ментални проблеми.
Дебатата која заврши со 360 гласови за и 233 гласови против предлогот содржеше аргументи според кои новото законско решение ќе предизвика многу тужби против лекарите кои што ќе асистираат при еутаназија.
Според новите решенија, лекарите можат да асистираат при самоубиство само „на индивидуална база поради алтруистички мотиви“ а на тие што тоа ќе го сторат поради финансиски причини им се заканува затворска казна од три години.
Противниците на законот предложен од партијата ЦДУ на канцеларката Меркел а поддржан и од германската левица, сметаат дека со него ќе се отвори многу работа за Федералниот уставен суд кој ќе добие многу жалби поради нејаснотиите околу што е тоа бизнис а што алтруизам. Досега во Германија еутаназијата не беше регулирана со закон.
Ново на Сител
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња