Loading Video...
Кошарка
6. February 2018 - 13:52

Германецот Дирк Новицки уште еднаш влезе во историјата на НБА лигата

Новицки повторно во историјата но со погрешен дрес
 
 
 
 
На синоќешниот меч одигран во Лос Анџелес во кој Далас загуби од Клиперски со 104-101 Германецот ја мина границата од 50.000 одиграни минути. 
 
Со тоа Новицки стана само шестиот играч во историјата на НБА лигата кој ја минал таа граница. 
 
Иако Германецот веќе дваесет сезони го носи истиот дрес на Далас сепак, несфатливо беше погрешно напишано неговото презиме. 
 
Но тоа не му сметаше на Новицки да  влезе во одбраното друштвото на легенди како Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс. 
 
Тој е единствениот Европеец кој го има понесено и признанието за МВП односно најкорисен играч во најсилната светска кошаркарска лига.