Германците се подолго примаат пензија поради продолжениот животен век
Германските пензионери, поради зголемениот животен век, се подолго примаат пензија, во просек 19,6 години, што е двојно повеќе отколку во почетокот на 60-те години од минатиот век. Тоа го соопшти денеска Германскиот пензиски фонд.
Само во изминатите 20 години просечната должина на времето за кое трае пензионерскиот статус е продолжена за 3,6 години, изјави за ДПА претседателот на германскиот пензиски фонд Александер Гункел.
Тој додава дека главна причина за тоа е зголемениот животен век на германските граѓани.
Просечната старост до која примаат пензија е 79,5 години, при што жените примаат пензија до 81,8 година од староста, а мажите до 77,1.
Во просек најмногу пензија примаат државните службеници, а најмалку лица кои во текот на работниот век често прекинувале работен однос, што во натпросечна мерка ги погодува жените во Германија.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата